Тетовецор М.А. (21) паднал од скеле високо околу седум метри, додека проверувал како се одвиваат градежните работи на кровна конструкција и се здобил со тешки повреди на главата и на телото. Настанот се случил вчера и во 13.10 часот во полициската станица во Тетово го пријавил Ш.Н.(32) од село Џепчиште, сопственик на фирма за изведување на градежни работи на кровни конструкции со лим.
Тој пријавил дека од страна на М.А.(21) од Тетово, бил ангажиран да изведува градежни работи. Додека работеле на кровната конструкција на објектот, М.А. се качил на кровот за да ја надгледува нивната работа и во еден момент додека разговарал на мобилен телелефон, од невнимание згазнал на стара лесонитна табла која се скршила, при што истиот паднал од висина од околу седум метри на бетонската подлога.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош повредениот со амбулантно возило бил пренесен во клиничката болница во Тетово и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите кој ги имал во пределот на главата и телото бил префрлен во Ургентен Центар -Скопје.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово.