Автомобил БМВ X5 со тетовски регистарски таблички, којшто чини околу 65 илјади евра, бил одземен ноќта помеѓу 4 и 5-ти април, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Случајот вчера околу 13 часот во полициската станица Тетово го пријавил неговиот сопственик А.А.(23) од тетовското село Боговиње и според неговите информации возилото било одземено откако било оставено паркирано на улицата Браќа Миладиновци во близина на фабриката Едтко во Тетово.
-Сопственикот и неговиот татко меѓусебно мислеле дека секој од нив одвоено го користеле возилото, но откако подоцна утврдиле дека автомобилот е украден го пријавиле случајот во полицијата која извршила увид и работи на откривање на идентитетот на сторителите и пронаоѓање на возилото, рече Јосифовски.