25-годишниот тетовец Д.Б. ноќеска околу 03:15 часот е претепан без повод и причина од три лица, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил на тетовската улица „Јане Сандански”. Откако од здобиените удари Д.Б. паднал на асфалтот, напаѓачите продолжиле да го удираат со клоци по телото.
На нападнатиот му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на напаѓачите.