Тетовец доби кривична пријава, градел викендичка на државно земјиште кај Попова Шапка

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

„Во текот на 2020 година, на Попова Шапка, на место викано „Јелак“, пријавениот во својство на инвеститор без да поседува соодветна документација изградил викенд куќа на државно земјиште. На 11.01.2021, овластени службени лица од Попова Шапка на наведеното место забележале градежни работници како изведуваат градежни работи“, велат од полицијата.

Истиот ден, увидна екипа при СВР Тетово извршила увид на местото на настан, за што била изготвена документација.

Би можело да ве интересира

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Снег од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка

Предраг Петровиќ

На Попова Шапка најстудено со – 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри