Тетовци и гостиварци често користат мобилни телефони додека возат

Од:

Користењето на мобилни телефони при возење во Тетово и Гостивар станало навика за голем број возачи, особено кај помладите.

Секторот за внатрешни работи во Тетово денеска информира дека сво текот на овој месец откриени и казнети се над 70 возачи по овој основ.

Само на 21 март биле откриени 25 возачи на кои им се изготвени 18 мандатни платни налози и седум писмени предупредувања, како и 16 покани за присуство на сообраќајна поука.

– Користењето мобилни телефони за време на возење е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и неговото откривање и санкционирање претставува еден од главните сообраќајни приоритети деновиве на тетовско-гостиварското подрачје, информираат од Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози