Тројца тетовчани од селата Ново Село и Урвич, вчера претпладне пријавиле во Полициската станица Жеровјане кражба на коњ, а неколку часа подоцна правдата ја зеле во свои раце откако го фатиле човекот во кој се сомневале дека го украл животното.
Во село Боговиње тие го пронашле 32-годишниот Ф.Р. од тетовското село Мала Речица и насила го внеле во својот автомобил марка „југо“. Бидејќи верувале дека тој е крадецот, Ф.Р. го одвезле во правец на селото Урвич каде живеел еден од напаѓачите.
Со тројцата тетовчани е обавен разговор во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.