На 12.01.2013 година во 14,00 часот во тетовското село Радиовци, во сопствената куќа, Н.М.(55) со цел да одмрзне боца со полиуретанска (пур) пена, ја ставил во близина на шпоретот.
Од топлината истата експлодирала, а со повреди во пределот на главата и телото се здобиле Н.М., кој по укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово е препратен во Ургентен центар Скопје, неговата сопруга Н.М.(54), која по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лкување и нивната ќерка М.М.(21), која е задржана во Медицински центар Тетово за понатамошно лекување.
Од експлозијата оштетен е дел од покуќнината и двата прозора од просторијата.