Тешко повредени пешак и двајца возачи во сообраќајки во Скопје

Од:

Пешак и двајца возачи се потешко повредени, во две од вкупно осум сообраќајни несреќи, што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во една е причинета само материјална штета.

Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шестмина не ги почитувале правилата за престигнување, тројца поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возачи без дозвола, односно со нерегистрирано возило. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 47 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ