Тешко повредени лица во сообрќајка на патот Битола – Ресен

Од:

Н.Ц. (23) од село Маловиште и М.П. (55) од Битола се тешко повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне, околу 14:50 часот на магистралниот пат Битола – Ресен.

Управувајќи „Хјундаи Пони“ со битолски регистарски ознаки, Н.Ц. изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната страна и излетал од коловозот. Освен тој, тешки телесни повреди здобил и сопатникот М.П..

Двајцата се задржани на лекување во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози