Тешко повредена жена во сообраќајка кај Удово

Од:

К.С. (57) од Демир Капија е тешко повредена во сообрaќајка што се случила вчера околу 8:30 часот на клучката на подвозникот кај село Удово, меѓу товарно визоло „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (58) од Струмица, и патничко возило „фиат мареа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.И. (59) од Демир Капија.

Според МВР, на К.С. и била укажана лекарска помош во Општа болница-Гевгелија, но поради сериозноста на повредите е пренесена во Ургентниот центар Скопје на натамошно лекување.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ