Вработен во „Македонски Телеком“ е тешко повреден откако паднал додека поправал дефект попладнево.
Вработениот е од Гостивар на 60-годишна возраст и работел на отстранување на дефект на телефонската линија на бандера. До падот дошло кога му се скинала гајката од заштитниот појас за качување, по што паднал.
60-годишниот гостиварчанец веднаш бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на повредите.