Тешка сообраќајна несреќа во Охрид, автомобил заврши превртен на кров

Од:

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи во Охрид. Автомобил со охридски регистарски таблички заврши превртен на покривот. Според информации од СВР Охрид, лесно повреден е само возачот.

Сообраќајката се случи кај населбата Рача, на излезот од Охрид, во близина на бензинската пумпа кај СРЦ „Билјанини извори“.

Во тек е увид чии првични наоди укажуваат на тоа дека возилото се излизгало, велат од СВР Охрид, од каде додаваат дека точните причини за несреќата ќе се знаат по завршувањето на увидот.

Засега нема информации за тешко повредени во сообраќајката.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он