Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Од:

Пешак во Кавадарци е тешко повреден откако во него удрило „југо“, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во полицијата е пријавено дека на улицата „Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци, возило „југо“ управувано од Ц.П., на возраст од 58 години од Кавадарци, удри во 93-годишниот пешак Д.К. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки повреди се здоби пешакот, констатирани во Општата болница, појаснија од СВР – Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден