Тешка сообраќајка кај Кавадарци: Четворица повредени меѓу кои и 12-годишно дете

Од:

Во сообраќајка вечерва на патот Кавадарци – Ресава кај Тиквешко Езеро повредени се четири лица, потврдуваат од велешката полиција

Според првичната информација, во полициска станица Кавадарци примена е пријава од Итна медицинска помош, дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава кај месноста викана „Криви дол“, во близина на Тиквешко Езеро, случена е сообраќајна незгода помеѓу два патнички автомобили. Спроред првичните информации од ИМП, повредени се четири лица, кои со возила на ИМП се префрлени во ЈЗУ во Кавадарци. Излезено е на лице место од увидна екипа. За учесниците во незгодата, карактерот на повредите, во моментот немаме информации, штом ќе се комплетира настанот ќе известиме, појасни портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.

Од Итната медицинска помош, информираат дека станува збор за тешка сообраќајка. Две од лицата биле со потешки повреди. Сите повредени, со две возила на брзата помош биле пренесени во кавадаречката болница. Инаку, според првичните информации, станувало збор за две лица на околу 30 години, едно на околу 50 години и едно лице на околу 12-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он