Тешка сообраќајна несреќа во која има жртви утрово се случи пред граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница.
Според првичните информации од СВР Струмица сообраќајната несреќа е пријавена во 7 часот и 40 минути, а во неа учествувал автомобил со странски регистарски таблички.
Полицијата врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот е пренасочен по стариот пат.