Теренската вакцинација против Ковид-19 продолжува утре во повеќе населени места низ државата

Од:

Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, вторник 20 јули 2021 година ќе се одвива теренската вакцинација.

Теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места:

Делчево – Саса1, Саса2; Ресен – Наколец, Штрбово

Штип – Шашаварлија, Кошево, Почивало

Свети Николе – Немањеци, Ранченци

Демир Хисар – Слоештица, Мренога, Вирово

Берово – Владимирово

Струга – Драслајца

Струмица – Добрејци, Просениково

Неготино – Челевец, Лаки

Пробиштип – Лесново

Кочани – Зрновци

Битола – Црнобуки, Новозмирнево, Драгарино, Лисолај, Лопатица

Охрид –Косел, Вапила, Ливоишта, Сирула, Росино, Опеница

Македонски Брод – Бенче, Ковач

Велес – Согле, Богомила, Теово

Крива Паланка – Ранковце

Теренската вакцинација без закажување започна од 12 јули годинава, во над сто населени места во сите општини низ земјата.

Граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи, а секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба само да има важечки документ за идентификација.

Министерството за здравство секојдневно информира за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска