А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Tепачката со ножеви во Куманово, вмешан и полициски службеник

by А1он08/02/2013 - 11:59112
Share0

Полициски службеник од кумановско Лојане, заедно со неговите роднини се степал со соседите, пред полициската станица во Куманово.

Добивај вести на вибер

Триесет и тригодишниот М.М, референт по возачка дозвола и неговиот татко, брат, чичко и братучед се пресметувале со ножеви со Љ.Р (20), С.Р (28) и М.Р (50).

Инцидентот започнал завчера напладне, кога браќата Љ.Р и С.Р дошле на работа кај референтот и поради нерасчистени сметки од минатото, почнале да го навредуваат и го повикале да се пресметаат надвор.

Полицаецот веднаш заканите ги пријавил во полициска станица, но во меѓувреме ги повикал и неговите роднини да дојдат пред станицата. Роднините го пресретнале М.Р, таткото на соседите и го нападнале со тупаници.

Дежурните полицајци притрчале да ги разделат, но еден од напаѓачите удрил еден полицаец и му нанел повреда на главата.

Неколку минути потоа на влезот на полициската станица повторно настанала тепачка, при што еден од браќата Љ.Р се обидел со нож да го прободе таткото на референтот, нанесувајќи му рана во пределот на градите.

Полицајците успеале да ги совладаат насилниците и подоцна ги притвориле.

Насилниците ќе одговараат за обид за убиство, напад врз службено лице при вршење безбедносни работи, насилство, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и загрозување на сигурноста.

crna hronika

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски25/12/2020 - 22:13

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски25/12/2020 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен