„Тепачка“ за сендвичи и маси во ресторани во Охрид, гужви и турканици по улиците, се спие и по плажи

Од:

Блокирани улици од гужви со возила, редови пред сендвичарите и пекарите, турканици за маса во рестораните и кафеаните. Ваква беше сликата во Охрид вчеравечер, кога освен хаосот на плажите денски, целосно беше блокиран и вечерта.

Низ булеварот „Туристичка“ па се до населбата „Рача“ која е на пат кон охридските плажи имаше постојан метеж. Кружните текови ги регулираше полиција за да ги намали чекањата и свирежите од метежот.

Во угостителските објекти, масите беа исполнети до последно столче. Пред нив, се создаваа редови и се чека да станат гостите, за да седат наредните и така се до после полноќ. Дури и местата кои вообичаено не се посетувани, вчера беа полни, а маса плус се вадеше и по тротоарите, за да може да собере што повеќе гости.

Долги редици се чекаа и за сендвичи, но и бели печива. Вработените во пекарите и сендвичарите едвај постигнуваа да ги услужат сите муштерии. Во редовите се чекаше без маски и со турканици, за побрзо да се дојде до нарачката.

Посетителите едвај се разминуваа во чаршијата и на кејот. Турканици меѓу нив, но ретко кој носеше и заштитна маска. Речиси сите заборавија на коронавирусот и живеат како пред пандемијата. Полицијата не реагираше, затоа што мерките за задолжително носење маска на отворено и забрането групирање беа укинати во јуни.

До крајот на продолжениот викенд, се очекува гужвите да останат. Бројните концерти, меѓу кои оние со реноминрани ѕвезди ги поттикнаа сите овие денови да дојдат во Охрид. Бијдеќи е тешко да се најде сместување поради целосната исполнетост, има и такви кои се одлучија да кампуваат и да спијат по плажи.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски