Тепачка во Штип

Од:

Синоќа, во 21.00 часот во Штип на ул.„Железничка“ во двор од куќа, по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу лицата Р.В.(50) и  М.В.(55), од една страна и Ј.М.(29) и М.М.(31), при што си размениле повеќе удари со тупаници.

Во тепачката М.М. се здобил со тешки телесни повреди додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди.

Лицата се повикани во Полициската станица – Штип каде им е извршено алкотестирање, при што кај Р.В. е констатирано 1.08 промили, а кај М.В. 0.21 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена