Тепачка во разгранокот на ДУИ во Струга, полицијата не добила пријава за таков инцидент

Од:

Напната атмосфера која прераснала во физичка пресметка со тепање со мобилни телефони и со тупаници по главите имало синоќа во разгранокот на ДУИ во Струга помеѓу крилата на Рамиз Мерко и на Арбен Лабуништа, пренесе Мета.

По тепачката едно лице било хоспитализирано во болницата во Струга.

Според информациита на „Тетовасот“, до инцидентот дошло откако Рамиз Мерко успеал да обезбеди поддршка во сите разграноци за функцијата претседател на струшкиот разгранок на ДУИ. Наводно, поддршката што Мерко ја добил од Муса Џафери била причината за револт во крилото на Лабуништа.

Од СВР Охрид велат дека кај нив не бил пријавен таков инцидент.

– До овој момент кај нас не е пријавен таков случај – изјави за „Мета“ портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Како што пренесува „Тетовасот“, повикувајќи се на извори од партијата, во тепачката бил повреден и побарал лекарска помош, заменик-директорот на УЈП, Аргетим Асани.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански