Тепачка со тупаници, ножеви и тврди предмети во Тетово, еден потешко повреден

Од:

Синоќа на половина час по полноќ на улицата Прохор Пчињски во Тетово настанала тепачка помеѓу Ф.Б. (26) и 14-годишно момче од една страна и С.И. (22) и неговиот брат Е.И (28) од друга страна, при што се тепале со тупаници, а биле употребени нож и дрвени предмети.

Во тепачката со повреди се здобиле сите учесници во настанот, а Е.И. бил задржан во Клиничката болница во Тетово со повреди во пределот на левото рамо, левата слабина и левата нога, а според лекарите тој е надвор од животна опасност.

На местото на настанот увид извршила екипа од секторот за внатрешни работи во Тетово, при што биле обезбедени предмети кои ќе бидат доставени за вештачење.

Сите учесници биле обезбедни во СВР Тетово, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена и соодветна пријава, информираа од МВР.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии