16 годишен Македонец нападнат од тројца Албанци во Струга

Од:

16 годишно момче,  Македонец е повреден попладнево во тепачката, која како што објави А1 се случила кај меѓуградската автоубска постојка кај црквата Света Петка во Струга

.Ученикот е од струшкото село Мислешево а, а учел во Охрид. Физички со удари со раце го нападнале тројца ученици средношколци Албанци во втора и трета година во струшката гимназија „Ибраим Темо“.

Повредениот ученик се здобил со лесни телесни повреди и веднаш бил пренесен во струшката болница, каде по укажаната лекарска интеревенција е пуштен на домашно лекување. Како што информираат од полицијата момчето било нападното во моментот кога тој слегувал од комбето кое доаѓало во правец  од  Охрид на самата постојка.

Најпрво започнале вербална расправија по што физички го нападнале. Причина за тепачката биле одредени недоразбирања кои започнале уште при крајот на минатата учебната година. Тројцата напаѓачи веднаш биле приведени во полициската станица во Струга, каде во присуство на родителите, социјален работник и адвокат за малолетници бил извршен информативен разговор.

Против напаѓачиите ќе биде поднесена прекршочна пријава. За среќа,  како што раскажуваат очевидци благодарение на интервенцијата на луѓе кои се наоѓале во непосредна близина бил избегнат поголем инцидент. На истото место во Струга и минатата година се случи тепачка помеѓу средношколци Албанци и Македонци. Тогаш неколку деца беа повредени, а полицијата поднесе и прекршочни пријави.

 

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски