Тепачка на ракометниот натпревар Охрид – Струга

Од:

Околу 21 часот вчеравечер во Охрид во спортската сала „Атина Бојаџи“ непосредно пред завршувањето на ракометен натпревар настанала расправија и турканица на играчите од двете екипи, откако играчот на РК „Охрид 2011“  К. А. (22) од Охрид физички го нападнал играчот на РК „Струга“  Б. Б. (27) од Струга.

Покрај расправија и турканица меѓу играчите, имало и недозволено влегување и фрлање предмети во натпреварувачкиот простор од страна на гледачите.

Охридската полиција спречила натамошно нарушување на јавниот ред и мир и презема мерки за целосно расчистување и документирање на  случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски