Тензии и расправии во Собранието околу уставните судии, не се знае кога ќе продолжи Комисијата

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не се знае кога ќе ја продолжи седницата на која треба да бидат утврдени имињата на кандидатите за уставни судии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов изјави дека засега не се знае кога ќе продолжи седницата посочувајќи дека имало расправии и тензии и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ја попречат работата на собраниското тело.

Костадинов претходно денеска ги обвини пратениците на опозициската партија дека недоволно ги познаваат процедурите во врска со изборот на судии на Уставен суд.

-Не може да ги имаме биографиите на уставните судии кога самите кандидати произлегуваат од замениците или од членовите на Комисијата за избори и именувања. Процедурата е следна, на самата комисија колегите, заменици и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата даваат предлози за уставни судии. Поднесуваат биографии за нив, даваме пауза, сите пратеници ги имаат на увид биографиите и продолжуваме на одлучување на уставните судии. По одлучувањето, предлогот на одлуката оди на конечно одлучување на пленарна седница, објасни Костадинов и додаде дека постапува согласно законот.

Од друга страна, пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека она што денеска се случувало на Комисијата за избори и именувања само докажува колку се погрешни политиките што ги води власта преводена од СДСМ.

-Наместо Владата да се насочи кон тоа на што побрзо да се донесе закон за работа на Уставниот суд, или да пронајде начин како Уставниот суд би играл клучна улога во зачувувањето на уставниот поредок, како што тоа е пример во сите развиени европски држави или да се обидеме оние кои што се во Уставниот суд да бидат навистина оние најпаметните, најпрофесионалните луѓе со дигнитет, гледаме уште еден обид на власта на еден крајно шверцерски, компромитирачки начин, пошто – пото, да се стави таа точка на дневен ред. Притоа кршејќи ги буквално сите процедурални правила веќе којзнае по кој пат во работата во Собранието, и постојано обидувајќи се да ја дефокусираат јавноста со тоа што ќе го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека го бојкотира Собранието, рече во изјава за медиумите Јанушев.

Право да предложи уставен судија на седница на Комисијата има секој нејзин член. Единствени критериуми, според Уставот, се кандидатот да биде истакнат правник и да не биде член на партија.

Собранието треба да избере тројца уставни судии. За тоа се потребни мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Овој месец им истече мандатот на тројца уставни судии.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски