Тенок: Одлуката Македoнија да не биде на агендата на Самитот на Европскиот совет е некоректна и за жалење

Од:

Некоректно и за жалење. Вака британскиот пратеник во Европскиот парламент Чарлс Тенок ја опиша вчерашната одлука на Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија да не ја стави Република Македонија на агендата на утрешниот Самит на Европскиот совет во однос на прашањето за проширување на Унијата.

Во изјава за дописникот на МИА од Брисел, европратеникот од партијата на конзервативците во ЕП ја изрази својата, но и разочараноста на европскиот законодавен дом во однос на ваквата одлука на министрите за надворешни работи на змејите-членки на ЕУ.

– Мислам дека таквата одлука на Советот на министри не е изненадувачка, но сепак е за жалење и е многу некоректна во однос на вистинските реформи во Македонија и напредокот на земјата, вели Тенок.

Според еден од највлијателните пратеници во Европскиот парламент, одлуката на шефовите на дипломатиите е јасно спротивна на препораките на Европската комисија и на Резолуцијата на Европскиот парламент.

– Јас мислам дека тоа се должи на долготрајниот став на една земја-членка, а која има можност и право да става вето на ова прашање. Во Европскиот парламент и во Комисијата ниту една земја-членка не ужива право на вето за овие прашања, дециден е Тенок.

Како што е познато, вчера на состанокот на ГАК во Луксембург, и покрај четирите позитивни препораки за одобрување датум за почеток на пристапните преговори со Македонија на Европската комисија, позитивниот пролетен извештај базиран на заклучоците на декемврискиот Самит на Европскиот совет, како и идентичните Резолуции на Европарламентот, министрите на земјите-членки поради противењето на Грција одлучија воопшто да не се разговара за доделување на датум на нашата земја.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија