Темелковски на протест со жителите на Кисела Вода за дислокација на Центарот за зависници

Од:

Жителите на Кисела Вода трет ден по ред одржуваат протест пред Центарот за зависници со што го изразуваат револтот кон министерот за здравство, кој вети дислоцирање на центарот.

Имено, тие на влезот ги спречуваат зависниците да ја земат терапијата во Центарот.

На протестот присуствуваа и градоначалникот на Општина Кисела вода Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, членовите на Советот и невладините организации „Хобс“, „Доверба“ и „Шприц патрола“, а сите заедно испратија порака дека и жителите и корисниците на овој центар заслужуваат достојно внимание за решавање на ова долго време отворено прашање и преземање радикални чекори во интерес на постигнување трајно решение.

– Јас како претставник на Општината сум инволвиран и ангажиран за решавање на проблемот со болницата за зависности уште од самиот почеток на мојот мандат. Иако ние го немавме ветено во програмата, сметавме дека е несоодветно место за болницата да биде таму. Став како Општина, а и мој, како градоначалник е дека ова не е само проблем на граѓаните, туку и дека болницата е не соодветна и за самите пациенти, истакна Темелковски.

Посочи дека сите инволвирани страни, имаат одговорност пред своите сограѓани и затоа треба да се најде заедничко решение.

– Не би сакал, а се случува, да се прават протести по другите скопски општини, а сепак треба да се знае дека ние како Општина Кисела Вода ги примаме пациентите од сите општини за што не сме должни. Нашиот став и мојатата поддршка бидејќи пред се, јас сум дојден тука како граѓанин кој живее во непосредна близина, е што побрзо да се најде решениe, нагласи Темелковски.

Темелковски наведе дека е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот, изразувајќи подготвеност да даде максимално учество за конечно изнаоѓање на трајно решение кое и на самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитетен прием и потребна нега.

Жителка на Кисела Вода, присутна на протетост, чијашто внука пред неколку денови се боцнала на искористена игла, апелираше колку што е можно побрз рок Центарот да биде дислоциран.

– Едно е тоа што примаат терапија, но остануваат тука по цел ден, остануваат полуголи, голи, се боцкаат на недолични места, а нашите деца се принудени да ги гледаат сите тие работи, наведе таа.

Жител на Кисела Вода нагласи дека населението во повеќе наврати се соочило со грабежи, како и дека биле напаѓани жени и деца.

– Нас не ни сметаат зависниците, нас ни смета начинот на кој тие се тука. Ни смета начинот на кој ја земаат терапијата, односно неволјите кои ги прават, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода