Темелковски-Макрадули: Потребно е решение за загадувањето од Охис

Од:

Градоначалникот Филип Темелковски одржа работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

На состанокот се дискутираше за преземање на мерки за заштита на животната средина, како за справување со ризиците од аерозагадувањето и управување со разните видови отпад.

Од страна на градоначалникот Темелковски, министерот Макрадули беше запознаен со мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за справување заштита на животната средина, беше презентирана и програмата на локалната самоуправа за заштита на животната средина за 2018 година и локалниот еколошки акционен план на Општината кој е во функција до 2021 година.

Беше разговарано и за поскоро изнаоѓање на заеднички конкретни чекори за изнаоѓање на решение за справување со загадувањето предизивикано од фабриката Охис.

Средбата беше заокружена со договор за за интензивирање на меѓуинституционалната соработка со цел заштита и подобрување на животната средина.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он