Темелковски: Македонија активно работи во управувањето со хемикалии

Од:

Преглед на имплементацијата на стратешкиот пристап во управувањето со хемикалиите на меѓународно ниво, идентификација на регионалните приоритети и размена на искуства и информации за активностите спроведен на национално и регионално ниво е цел на Петтиот регионален состанок на земјите од Централна и Источна Европа за стратешки пристап во управувањето со хемикалиите.

Состанокот, кој од денеска до 27 овој месец се одржува во организиција на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со UNEP, го отвори замник-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, а учествуваат претставници од 14 земји од регионот и од меѓународните организации и националните институции кои се вклучени во процесот на управување со хемикалии.

Република Македонија, како што информира Темелковски, со подготовката на Националниот план за имплементација на САИЦМ во 2010 година, активно се вклучи во меѓународната акција за апликација на стратешки пристап во управувањето со хемикалиите.

– На управувањето со хемикалиите е посветено посебно поглавје во Националната стратегија за одржлив развој. Планот е усвоен од Владата на Република Македонија, која истовремено им даде обврска на сите институции и организации инволвирани во процесот на управување со хемикалии активно да учествуваат во реализацијата на неговите активности, истакна Темелковски.

Тој укажа на напредокот на ова поле, посочувајќи дека земјата одамна е дел од семејството на членките на Монтреалскиот Протокол: шеснаесет години е во чекор со меѓународната заедница преку редукција на 99 проценти од потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.

– Од 1997 година активно се работи на елиминација на супстанциите сместени во четирите анекси на Протоколот. Подготвени се и имплементирани повеќе демонстрациски и инвестициски проекти, сите во насока на отстранување на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, рече Темелковски.

Во 2005 година, додаде, подготвен е првиот Национален план за редукција и елиминација на ПОПс. Следејќи ги приоритетите и акциите вградени во документот воспоставен е одржлив систем за управување со опремата и маслата кои содржат полихлориранибифенили. Земјата има инсталирано технологија за третман на трансформаторски масла контаминирани со полихлориранибифенили, а во соработка со Регионалниот центар за Стокхолмска конвенција во Брно, Чешка, направен е мониторинг на присуството на ПОПс во воздух.

– Својата посветеност кон здрава животна средина Владата на Република Македонија уште еднаш ја докажа со одвојување значителни средства во решавањето на историското загадување со ХЦХ-изомери во хемиската индустрија ОХИС во Скопје. Првпат во соработка со УНИДО и средства обезбедени од ГЕФ и Владата на Република Македонија ќе стартува проект за решавање долгогодишен еколошки проблем, нагласи заменик министерот за животна средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со УНЕП и Регионалниот центар за Базелска конвенција во Братислава ги прави последните подготовки за дефинирање акциски план за координирана имплементација на Стокхолмската, Базелската и Ротердамската конвенција. Во соработка со ФАО направена е прва прелиминарна инвенторизација на стари залихи на пестициди во два региони во Република Македонија и организирана обука на релевантните чинители за правилна инвенторизација и управување со застарени залихи на пестициди, а со Германската агенција за техничка соработка (ГИЗ) изграден е систем за правилно управување со отпадните масла.

Активностите се проследени со адекватна кампања за подигање на јавната свест за управување и ракување со хемикалии, а за приближување до јавност подготвена е брошура „Хемикалиите и секојдневието”, каде се изнесени сите опасности кои може да произлезат од апликација на опасни хемикалии во секојдневниот живот.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он