Тематски конгрес на ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре и задутре во Скопје ќе одржи тематски конгрес, на кој во четири сесии меѓу другото ќе се расправа за евроинтеграциите, за Рамковниот договор и за економскиот развој.

Како што најави потпретседателот на ДУИ, Абдилаќим Адеми согласно статутот на партијата и интересот на делегатите, се очекува на крајот од конгресот да биде донесена и резолуција во која ќе биде содржана и натамошната политичка ориентација односно определба на ДУИ за во иднина.

На овие тематски дебати, според Артан Груби шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ, се очекува да присуствуваат и Даниел Сервер, Ерван Фуере, Александар Маљас и други познати политичари и експерти.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата