Телото на потстанарот Н.Т. (70), кое било во фаза на распаѓање, вчера било пронајдено во објект на улицата „Кочанска“ во Скопје.
Како што информира МВР, настанот вчера во 12:15 часот во СВР Скопје го пријавил Б.М. кој бил потстанар во истиот објект.
– Б.М. пријавил дека во собата под него каде живеел како потстанар, почувствувал непријатна миризба, и кога се симнал долу, преку прозорецот забележал дека Н.Т. бил починат, соопшти МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а телото кое било во фаза на распаѓање по наредба на јавен обвинител било предадено за обдукција.