Телма од први мај крати по 3.700 денари за храна и превоз на вработените

Од:

Новинари, сниматели, технички персонал во телевизија Телма од први мај ќе земаат за 3.700 денари помала плата.

Интерниот правен акт кој е донесен во телевизијата за кратење на примањата се однесува на одземање од платата на парите наменети за храна и превоз.

Кратењето се однесува за сите вработени без исклучок.

Претседателката на синдикатот на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис вели дека врз основа на идните потези на менаџментот на телевизијата ќе се гради стратегијата на делување на ССНМ.

„Синдикатот очекува Телма телевизија да покаже дека се залага за социјален дијалог и дека се грижи за своите вработени бидејќи тоа е поважен ресурс од вложување во техника и опрема“, изјави Тамара Чаусидис за А1.

Главниот и одговорен уредник на Телма телевизија, Атанас Кировски за А1 објасни дека станува збор за кратење само на додатокот за храна и превоз кој не го примаат веќе на ниво на коорпорација-ниту вработените во Макпетрол.

„Парите кои се кратат од платите се наменти за храна и превоз и не се крати основицата на платата. Досега немало кратење на плата. Како новина ќе се вметне и 50 проценти плус за дневницата за дежурство на празник“, изјави Атанас Кировски главен и одговорен уредник на Телма телевизија.

Дел од вработените коментираат дека укинувањето на парите за храна и превоз најмногу ќе ги погоди помладите новинари и техничкиот персонал кој се со пониски плати.

Поранешната одговорна уредничка на вестите на Телма, Емилија Лазаревска смета дека укинивањето на додаток за храна и превоз најмногу ќе удри по џебот на вработените со помали плати вклучително и нејзината.

„Бидејќи сум целосно исклучена од процесот на работа а уште повеќе на било какво одлучување во Телма, немам никакви официјални информации за тоа што се случува таму. Но секако гледам и слушам што се прави и какви реакции предизвикува кај вработените. Доколку е точно дека ќе се крати додатокот за храна и превоз, тогаш тоа најмногу ќе се одрази, секако кај најмалите плати меѓу кои сега спаѓа и мојата, откако актуелниот директор ме деградираше и ме врати на почетничко новинарско скалило. Впрочем и на пониско од тоа бидејќи отвори ново работно место кое не постоеше, со уште помалку бодови а тоа е репортер во утринска програма. Овие најави зачудуваат уште повеќе со оглед на тоа што во меѓувреме се примаат нови луѓе. Се надевам дека ќе се размисли уште еднаш пред да се донесе било каква одлука, бидејќи луѓето кои учествуваа во создавањето на Телма не заслужуваат ваков третман“, изјави Емилија Лазаревска поранешен одговорен уредник на вестите на Телма.

Преставникот на Синдикатот на новинари и медиумски работници во телевизијата, Јасминка Аневска со уште двајца колеги оствариле средба со главниот и одговорен уредник и директор на Телма, Атанас Кировски.

„На барање на синдикатот во текот на вчерашниот ден се одржа состанок меѓу синдикалните претставници и директорот на ТВ Телма.Го информиравме менаџментот за нашите забелешки и ставови во врска со најавените измени кои директно ќе ги засегнат вработените.Нашите предлози и сугестии како да се стигне до решение ќе ги доставиме и писмено до менаџментот во следните денови,а очекуваме и други средби,се во интерес на вработените и во интерес на продуктивноста и квалитетот на производот кој Телма ТВ го нуди на пазарот“, изјави Јасминка Аневска вработена во Телма и член на ССНМ.

Претходно телевизија Телма ја прекина соработката со неколку дописници кои известуваа за тв куќата со години.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време