Телеграма со сочувство од МПД до семејството на Димитар Мирчев

Од:

По повод смртта на проф. д-р Димитар Мирчев, Македонското политолошко друштво (МПД) упати телеграма со сочувство до неговото семејство.

– Уште многу децении пишаната мисла од проф. д-р Димитар Мирчев ќе биде изучувана од сегашните и идните генерации на политолози кои претставуваат двигател во повеќе полиња во Република Македонија и светот, стои во телеграмата.

Од МПД потсетуваат на делото кое го остави Димитар Мирчев. Објавени се над 200 научни трудови, универзитетски учебници, монографии, есеи и истражувачки извештаи, во земјата и во странство, на англиски, словенечки, хрватски, српски, меѓу кои и неговата Тетралогија „Македониум“.

Меѓу бројните фукции и должности, Димитар Мирчев беше основоположник и прв претседател на Македонското политолошко друштво.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза