Телеграма со сочувство од Груевски до Тереза Меј

Од:

„Со длабока тага, шок и огорченост ја примив потресната вест за терористичкиот напад во Лондон.

Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до Вас, до семејствата на настраданите и до мирољубивиот народ на Англија. Нашите мисли и молитви се со Вас.

Овој срамен чин кој се случи вчера ги вознемири и потресе македонските граѓани. Овој срамен чин вчера беше директен и брутален напад врз општеството и човечките вредности.

Сите ние заедно сме исправени пред предизвикот наречен тероризам. Република Македонија и граѓаните одлучно се решени, заедно со цивилизираниот и демократскиот свет да делуваат во борбата против тероризмот. Таа борба против тероризмот никогаш нема да запре, а ние никогаш не смееме да се откажеме“ се вели во телеграмата на Никола Груевски испратена до британската премиерка Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Бура во Обединетото Кралство, стотици училишта затворени, главните патишта блокирани

Крадец украде Снешко од пред паб во Велика Британија

Почина британскиот музичар – Крис Риа

А1он

Авион удри во резервоар за гориво на аеродром во Велика Британија

А1он

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски