Телеграма со сочувство од Груевски до францускиот премиер Валс

Од:

Премиерот Никола Груевски во име на на Владата и на граѓаните на Република Македонија испрати телеграма со сочувство за денешниот терористички напад во Париз до францускиот премиер Мануел Валс.

– Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство заради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз. Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со мислите на семејствата на жртвите и со целиот француски народ, пишува во телеграмата на Груевски.

Македонскиот премиер истакнува дека Република Македонија најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности.

– Овој свиреп чин треба да не обедини уште повеќе во борбата против тероризмот во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери, каква што несомнено е и Република Франција, стои во телеграмата со сочувство до премиерот на Франција, Валс.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош