Телеграма со сочувство од Ахмети по повод нападот во Париз

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети упати телеграма со сочуство до властите во Франција по повод денешниот напад во неделникот Шарли Хедбо во Париз, во кој беа убиени новинари и полицајци.

– Денешниот страшен акт на убивство на полицајци и вработени во весникот за сатира, Шарли Хедбо во Париз, треба да се осуди од сиот цивилизиран свет.
Злосторството нема национална ниту расна припадност како што нема ниту религиозна припадност, злосторниците треба да ја добијат заслужената казна. Јас сум убеден дека Франција ќе остане силна по овој кукавички акт и дека ќе се издигне над напорите на убијците да засадат омраза помеѓу луѓето, се вели во телеграмата.

Воедно, лидерот на ДУИ изразува сочуство до семејствата на жртвите од овој страшен напад, а на ранетите им посакува брзо оздравување и да се вратат во нивните семејства.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански