Телефонскиот разговор помеѓу Заев и Ципрас централна тема во грчките медиуми

Од:

Грчките медиуми пишуваат за телефонскиот разговор на премиерот на Македонија, Зоран Заев со Алексис Ципрас и Никос Коѕијас за време на неговата приватна посета на Солун.

„Контакти на високо ниво за скопското прашање“; „Разговор на премиерот на Скопје со Ципрас и Коѕијас“; „Заев: Има волја за решение“; „Оптимизам за решение на името“ – се дел од насловите во грчките медиуми, кои ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер од вчерашната прес – конференција.

Последните македонско-грчки односи се дел од централните вести на сите грчки телевизии, а новинарите покажуваат оптимизам за можното решение на долгогодишниот спор за името.

– Оптимизам за решение на прашањето за името изразија премиерите на Грција и Скопје, само неколку дена по нивниот телефонски разговор, објави телевизијата Антена, пренесувајќи ги и ставовите на македонскиот премиер.

– Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, го изрази неговиот оптимизам дека во текот на 2018 ќе се најде решение во прашањето за името и додаде дека со решавањето на овој проблем, земјата ќе успее да се интегрира во НАТО и да започне преговори за интеграција со ЕУ, објави грчката телевизија Алфа.

Заев вчера на прес-конференција откри дека додека бил во Солун, телефонски разговарал со Ципрас и Коѕијас, што беше потврдено и од кабинетот на грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески