Телата на загинатите се дадени на обдукција, се вештачи комбето и доказите пронајдени на местото на несреќата на автопатот Скопје-Велес

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.

– Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.

Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени. Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

– Во СВР Скопје било пријавено дека синоќа во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Поради сообраќајката вчера попладне беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот беше во прекин од 17:45 часот и се пренасочуваше преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Двајца загинати, тешко повредено дете во три сообраќајки во 24 часа

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство

Приведена 40-годишна скопјанка која смртно прегази пешак во Волково

Се судрија автомобил и камион во Кисела Вода, настрада 19 годишна девојка која поминуваше во близина

А1он