Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд

Од:

Тече рокот за поднесување тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори.

ДИК треба да ги достави одлуките до политичките партии и потоа почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби, по што Управниот суд има 60 часа за да одлучи. До синоќа во судот немало пристигнато ниту една тужба од партиите.

Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини синоќа рече дека се подготвени да примат тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот овие два дена меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби.

Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

Тужби до Управниот суд најавија полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Интегра.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он