Вчера, околу 21 часот во Гостивар со ножеви и пукотници син и татко се расправале за пари. Откако таткото не му дал пари на синот кој бил регистриран наркозависник, започнала вербална расправија.
Синот револтиран бидејќи не добил пари, земал нож од кујната и се упатил во спалната соба со намера да го нападне таткото. Кога тој го видел ножот, од наткасната го замал пиштолот марка „Ц.З“ кал.7.62 мм кој го поседува со дозвола и пукал во правец на синот.
Го ранил во двете нозе во подколениците. Поради сериозноста на повредите синот е пренесен во КЦ-Скопје. Полицијата извршила увид, а пронајдени и подигнати се 7 чаури, 5 проектили и 1 нож. Таткото е приведен во полициската станица во Гостивар за понатамошна постапка.