[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Триесет и седумгодишниот кумановец Д.Ф, ќе добие кривична пријава, бидејќи ги малтертирал своите малолетни деца.
Во неколку наврати без причина ги тепал беспомошните деца, кои имаат две и четири години.
Таткото, насилник ги ударал децата со шлаканици и тупаници по целото тело, а едното од нив го изгребал и со виљушка по лице.
Полицијата против него ќе поднесе пријава за телесна повреда при семејно насилство.
Сторител и претходно бил гонет за вршење семејно насилство врз своите деца.