Татко и син починаа од струен удар во струмичкото село Сушица. Синот починал откако се обидел да му помогне на таткото кој добил струен удар од неисправна инсталација додека се туширал во купатилото во нивниот дом.
Полицијата соопшти дека настанот се случил синоќа во 21:00 часот во селото Сушица, Општина Ново Село, кога И.П. (54), додека се туширал во купатилото, од неисправна електричната инсталација, добил струен удар и починал на самото место. Откако тоа го забележал неговиот син М.П.(30), сакајќи да му помогне на својот татко и тој добил струен удар и починал.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН.