Татко и син осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици

Од:

Прилепското обвинителство отвори постапка против татко и син за кои постои сомнение дека претепале човек, кој како последица на повредите починал.

„Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

На 19 март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале. Според првичните сознанија, откако оштетениот му задал неколку удари на првоосомничениот во пределот на главата, првоосомничениот му возвратил удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Кога оштетениот паднал, осомничениот продолжил да го удира со тупаници и метално ѓезве во главата и со нозете по целото тело.

Од ударите оштетениот изгубил свест. Првоосомничениот ја напуштил собата, но по кратко време кај оштетениот дошол второосомничениот кој физички го нападнал, удирајќи го со раце по целото тело, насилно го извлекол од собата и во дворното место продолжил да го удира. Откако двајцата си заминале, оштетениот влегол во собата, легнал на креветот и паднал во кома како последица од здобиените удари со кои му биле нанесени голем број телесни повреди – фрактури и крварења. Следниот ден, како резултат на задобиените повреди, оштетениот починал.

Против осомничените надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 30 дена“, информираат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он