Татко и син обвинети за насилство за паркинг место

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело „Насилство“ бидејќи физички нападнале лице за паркинг место.

Грубото насилство го извршиле на 01.10.2021 година, кога телесно повредиле едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, известуваат од Обвинителството.

„Оштетениот, на критичниот ден, пристигнал со автомобил пред сопствената куќа и сакал да се паркира, но паркинг местото било зафатено. Тој започнал да свири за да се тргне паркираното возило, но во тој момент излегол првиот обвинет и започнал вербална расправија на висок тон. Веднаш потоа обвинетиот физички го нападнал оштетениот, удирајќи го во пределот на главата и лицето. Пристигнал и вториот обвинет и го фатил оштетениот за двете раце, по што првиот обвинет продолжил да го удира“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Оштетениот се здобил со телесни повреди – нагмечување на главата и на левата рака, како и крвни подливи на лицето.​​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари