Татко и син дилале кокаин, полиција ги фатила на Св. Валентин

Од:

Полицијата уапси татко и син од Тетово кај кои се најдени докази дека продавале кокаин, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Х.(46) и К.Х.(23), татко и син од градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, се вели во полициското соопштение.

На 14 февруари, агенти на полицискиот оддел за недозволена трговија и шверц извршиле претрес во домот на пријавените во Тетово и во помошни простории, при што пронашле и одзеле кокаин и вага со траги од кокаин, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар