Ташков: Ефикасни општински институции за битолчани

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на Битола, Кирчо Ташков, најави дека доколку ја добие довербата на граѓаните и биде избран за градоначалник на општина Битола ќе ја подобри координацијата на општинските институции и ќе ја зголеми нивната ефикасност во функција на граѓаните.

-Општинските институции во овие 12 години не функционираат правилно и не се координирани. Ако бидам избран за градоначалник на граѓаните ќе им овозможам ефикасни локални институции, отворена општинска администрација и ефикасни јавни претпријатија. Потребите на граѓаните се мој приоритет и затоа им порачувам на граѓаните в недела масовно да гласаат и да кажат едно големо не на досегашните погрешни политики и секако да ме поддржат бидејќи јас ќе бидам нивниот вистински градоначалник, истакна Кирчо Ташков, независен кандидат за градоначалник на Битола.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски