Ташевска-Ременски: Семејното насилство не треба и не смее да се игнорира

Од:

Семејното насилство не треба и не смее да се игнорира од одговорните институции на сите нивоа. Време е сите заедно – владините и невладините институции, да пристапиме кон создавање услови за исклучување на насилството врз жените и девојчињата, насилството во семејството и да го вклучиме алармот за запирање и поттикнување на насилството воопшто.

Ова го истакна министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски на одбележувањето на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените во рамки на меѓународната кампања за подигнување на свеста „16 дена активизам против насилство врз жените и семејно насилство“.

Чинот на насилството, посочи, претставува кршење на човековите права на жртвите, загрозување на неговиот физички интегритет и пречка за остварување на фундаменталните слободи и права.

– Бројките укажуваат дека од 849 новo пријавени случаи на семејно насилство, 653 се жени и девојчиња и дека во 2016 година бројот на пријавени случаи на семејно насилство е зголемен. Она на што Министерството за труд и социјална политика треба да работи во иднина за да може да влијае на намалување на бројот на пријавени случаи на семејно насилство, е зголемување на обуките, едукацијата и кампањите за превенција и спречување на семејнотото врз жените и девојчињата и насилството генерално, рече Ташевска-Ременски.

Таа истакна дека дополнително треба да работат на детектирање на случаи на злоупотреби на пријавите за семејно насилство во борба за предност за старателство врз децата на разведени родители.

Според неа, и покрај законските основи се чувствува недостиг на поодлучно вклучување на институциите согласно постоечката легислатива која им дава мандат за преземање на мерки и механизми на заштита.

– Праксата во постапувањето покажува дека е потребна поголема и посуштинска координација помеѓу институциите кои соработуваат по предметите за семејно насилство, додаде Ташевска-Ременски.

На одбележувањето на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, се обратија постојаниот координатор на ОН, Луиза Винтон, раководителот на секторот за политички прашања на ЕУ, Лукаш Холуб, амбасадорот на САД, Џес Бејли и амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски