Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски се сретна со претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски и претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), Пецо Ристески, на која што беше разговарано за активностите на синдикатите, неколкунеделниот штрајк на судската администрација, како и проблемите со коишто се соочуваат при функционирањето во рамки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
– Се согласивме дека потребна е поголема ажурност на службите на Министерството во поглед на барањата за регистрации на синдикални организации и ослободување на синдикатот од манипулации и злоупотреби во политички цели. Правата на работниците коишто ги застапува УПОЗ и другите синдикати се наша заедничка обврска, е заедничкиот став произлезен од средбата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.