Тасев: Реализиравме есенцијални проекти за Свети Николе, нашиот отчет ги плаши СДС

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Свети Николе од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Тасев истакна народот со својот глас ќе ја спаси Македонија.

-Победува народот кој што си ја сака државата. Победувате вие кои сакате да гледате проекти, нови инвестиции, нови патишта, нови водоводи, нови канализации. Победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За заедничка Македонија“, посочи Тасев.

Порача дека дошло време и дошло час да се чуе гласот на народот кој ќе каже „НЕ“ за предавството на Македонија.

-СДС мисли дека преку измислени и лажни профили и Фејсбук страници се добиваат избори. Не бе луѓе, не се добиваат така избори, избори се добиваат само со работа и со проекти, и со ништо друго. Тие се уште не ја научиле приказната за штурецот и вредните мравки. Тешко дека ќе ја научат. Многу тешко, верувајте ми. Тие нека продолжат и понатаму да си свиркаат и да си постираат на нивните лажни профили, да не вреќаат и омаловажуваат пред нашите фамилии, ама горди сме во срцата зашто сме Македонци. А ние ќе си продолжиме со тоа што најдобро го знаеме, да си работиме на нашите проекти, да работиме за поубаво и поуспешно Свети Николе, истакна Тасев.

Тој на денешниот митинг потсети на некои од најважните проекти кои биле реализирани во неговиот мандат.

-Јас со мојот тим реализиравме есенцијални проекти кои што се од значаен карактер за општината. Проекти кои што ги гледаат граѓаните, кои што се овде, во овој отчет. Тој многу ги уплаши, а знаете зошто? Затоа што е вистинит. Затоа што има над 150 реализирани проекти. Е тоа ги плаши, истакна Тасев.

Рече дека во неговиот мандат изградени биле современи патишта и улици.

-„Младинска“, „Крсте Мисирков“, „Цветан Димов“, „Рахилка Гонева“, „Пионерска“, „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „11 Македонска бригада“ и многу други, ама ги реализиравме. Кога ги правевме улиците воведовме едно ново правило, комплетна замена на старата и дотраена азбесна водовна мрежа, некаде беше и метална. Заменивме и околу пет километри азбесна мрежа, направивме и 2,3 километри нова мрежа, посочи Тасев.

Потенцира дека била направена канализациона мрежа во должина од 23 километри.

Тасев најави дека во новата програма предвидено е да се инвестира во сите населени места во општината, ќе бидат реконструирани улиците и ќе се инвестира во спортот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он