А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

by А1он14/12/2018 - 14:4314/12/2018 - 15:17256
Share0

Во една од вибер-комуникациите помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, кои јавното обвинителство денеска ги презентираше на рочиштето за крвавиот четврток може да се забележи како двајцата високи членови на партијата се договараат околу евентуално враќање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Добивај вести на вибер

„Не би било фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето. Ќе има напади врз нас. На тие луѓе сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“, му вели во пораката Тарчуловски на Мицкоски.

На ова актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ му одговара дека се работи на тоа, на што Тарчуловски му враќа „Тогаш сè е ОК, важно да не се попушти пред ослободување на луѓето“.

Три дена подоцна, на 29 декември 2017 година, Тарчуловски му испраќа порака на Мицкоски со содржина „Има ли нешто ново, ќе остане ли на зборот?“, на ова Мицкоски му одговара „Јохан, ние го направивме нашето, сега до него е. Му пишав денес дека ние сме завршиле, ми врати позитивен одговор“.

На оваа порака од Мицкоски, обвинетиот Јохан Тарчуловски му одговара „Ајде, со Господ напред, ќе биде. Како се снаоѓаш, ќе биде добро. Реално добро и позитивно поминуваш кај луѓето, цело време ми доаѓаат луѓе и никој нема лоши зборови за тебе. Само да се издигнеме од ова мртвило и да се обедини сè што може“.

Разговорот се одвивал додека обвинетиот пратеник се наоѓал во куќен притвор за настаните од 27 април.

Виктор Јованов

27 aprilmickoskisudtarculovski

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:10

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

Горан Наумовски05/04/2026 - 12:34

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

Горан Наумовски04/04/2026 - 15:49

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Горан Наумовски04/04/2026 - 13:51

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

Горан Наумовски04/04/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто