(ВИДЕО) Таравари: Зголемениот број на смртност кај новороденчиња е последица на се што се случува во здравството изминативе 20 години

Од:

Покачениот број на смртност кај новороденињата е доказ за тоа во каква состојба е нашиот здравствен систем. Смртноста на нововроденчињата е последица на се што се случува во здравството изминатите 20 години“, рече министерот за здравство Арбен Таравари, кој на денешната прес-конференција даде отчет за работата на министерството во првите 100 дена од Владата.

– Смртноста на новороденчињата е тренд во Македонија изминатите неколку години и Министерството мора да направи страгегија за промена на ваквата ситуација, преку промена на условите во кои се раѓаат новороденчињата, рече Таравари.

Министерот за здравство, а сега и кандидат за градоначалник на Гостивар, на прес-конференцијата напомена и дека во земјава досега биле внесувани лекови од фирми без сертификати. Притоа рече дека неговиот тим работи на промена на законот за лекови и медицински средства со кои ќе се регулира внесувањето на лековите во државата, односно право на продажба на лекови во Македнија ќе имаат само сертифицирани фирми.

Како еден од поважните проекти започнати во првите 100 дена од Владата, Таравари го истакна предлог – законот за здравствено осигурување, со кој се предвидува ослободување од партиципација на лицата кои користат социјална парична помош. Се работи за група од 4.000 до 6.000 лица.

Во поглед на проектот „Мој термин“, министерот Таравари истакна дека во првите 100 дена од оваа Влада, зголемено е времетраењето на лекарскиот преглед согласно барањата на лекарската комора.

Одлуката за времетраењето на прегледот ќе го одредува докторот и може да трае од 5-45 минути, колку што тој смета дека е потребно, рече Таравари.

Во првите три месеци, Министерството за здравство започна повеќе проекти кои останаа недовршени, како проектот за трансплантација на органи, изработка на акциски план против хепатит, отварање на Центар против аутизам и предлог за имена на Законот за заштита, кој е во договор со сите здравствени здруженија и лекарски комори.

Во поглед на овие недовршени проекти, Таравари изјави дека поради градоначалничката кампања која заполнува в понеделник, ќе земе одмор и не ќе може да се занимава со реформите во здравството.

– Јас нема да можам да работам на овие проекти, но тука ќе биде мојата екипа која ќе продолжи со истото темпо како и во првите 100 дена, тука е заменикот министер, секретарот кои ќе ги водат овие проекти и не се сомневам дека ќе ги истуркаат до крај, рече Таравари.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Таравари: Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Горан Наумовски

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето

Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство

Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Горан Наумовски